3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Пендаровски да каже какви планови коваше во вила Водно со Артан, Ковачевски и Ахмети поврзано со измените на кривичниот законик и евентуална амнестија на поранешни политичари

И на митинзите Стево Пендаровски и СДСМ нема ништо да кажат за извештајот на Фридом хаус. И додека научил една празна и често повторувана фраза дека немал ниту една црна дамка во кариерата, во извештајот на американската Фридом хаус седи дека државата каде тој е претседател е силно криминализирана, а новинарите што пишуваат за криминалот се под притисок на властите, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Тетово.

Мицкоски додаде дека „исто така државата на која Стево е претседател, во извештајот стои дека има директно влијание на власта врз правосудните органи и обвинителството“.

„Сте го слушнале ли Стево ова да го осуди или да се огради од тоа? Нема такво нешто. Во извештајот стои дека власта неочекувано направи измени на Кривичниот законик со кој олесни дела и случаи за кои може да се гонат функционери кои сториле престапување на законите“, кажа Мицкоски.

Претседателот Мицкоски упати прашања до Пендаровски во врска со тоа какви планови ковал во вила Водно со Артан Груби, Димитар Ковачевски и Али Ахмети пред неколку месеци.

„Овој чесниот Стево Пендаровски добро е да каже што правеше и какви планови коваше во вила Водно во присуство на Артан, Ковачевски и Ахмети пред неколку месеци поврзано со измените на Кривичниот законик и евентуална можна амнестија на поранешни политичари. Со која цел? Со цел да поминат на шверцерски начин уставните измени и да се прифати бугарскиот диктат, но истовремено да се амнестираат поранешни политичари кои ќе му нанесуваат штета или ќе имаат обид да му нанесат штета ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија. Стево Пендаровски треба на ова да одговори па потоа да дискутираме дали ќе одиме на дебата или нема да одиме од која патем кажано денес Стево како најголем кукавица избега“, рече Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави