12.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Не ги фрлајте семките од лубеница – тие се извор на здравјето

Бидејќи самата лубеница е многу вкусна и корисна многу луѓе не се ни свесни колку семките можат да бидат корисни за нивното здравје. Во текот на консумирањето повеќето луѓе ги отстрануваат и ги фрлаат, а останатите кои ги голтаат семките си помагаат себеси за подобра дигестија. Но, на овој начин тие помагаат само механички, а нивните хранливи состојки остануваат заробени во нив и како такви се исфрлаат од организмот неискористени. За да се искористат сите лековити својства, семките е потребно да се сварат, да се сомелат или испечат за да дојдеме до драгоцената содржина.

Семките содржат диететски влакна неопходни за нормална работа на дигестивниот тракт, помагаат во случај на цревни паразити, како и во лекувањето на жолтица и разни воспаленија во организмот.

Семките од лубеница содржат супстанција цитрулин која делува како антиоксиданс, го подобрува ширењето на крвните садови и поволно влијае во случај на атеросклероза, хипертензија, ангина пекторис и еректилна дисфункција кај мажите.

Славниот Едгар Кејси, таткото на холистичката медицина, уште на почетокот од 20 век напишал дека семките од лубеница се здрава состојка особено употреблива за лекување на бубрезите и мочниот меур. Според него, консумирање на чај од свежи семки од лубеница кој е одличен диуретик, се препорачува за отстранување на каменчиња и песок во бубрезите, како и за чистење на мочниот меур, бубрезите и мочните канали.

Кејси го препорачува следниот рецепт:

4 лажици свежи семки од лубеница, издробени или исечкани или сомелени да се варат 15 минути во 2 литри вода. Оваа количина е потребно да се распореди и да се испие во текот на два дена, а третиот де прави пауза. Процесот се продолжува неколку седмици по ред во исти интервали – два дена консумација а третиот пауза.

Еден од најдобрите лекови за третирање на бактеријата ешерихија коли во уринарниот тракт, како и за третирање и превенција од паразити во цревата претставува вода направена од семки од лубеница.

Рецепт:

30-40 семки од лубеница свежи или суви, исечкани, здробени или сомелени. Оваа количина се става во 1 литар вода да се вари околу 10-тина минути. Кога ќе излади течноста може да се чува во фрижидер и треба да се пие секој ден. Можете да ја мешате со сок или некој друг вкус ако така ви е полесно. Течноста во количина од најмалку еден литар на ден, потребно е да се пие во текот на неколку седмици до неколку месеци, се додека батеријата целосно да се елиминира. Рецептот е погоден како за деца, така и за возрасни. Во текот на летото пригответе и соберете доволна количина семки за да ги имате на располагање во текот на периодите кога лубениците не се достапни.

Сличен рецепт се користи и за третирање на проститис, една од најчестите болести кај мажите постари од 40. Потребно е да земете две лажици суви семки од лубеница, сомелени, да ги прелиете со половина литар зовриена вода. После половина час киснење течноста веднаш се консумира а потребно е да се испие оваа доза секој ден во период од неколку седмици. Првите позитивни резултати на простатата се чувствуваат веќе после 10 дена.

Семките од лубеница се препорачуваат и за јакнење на срцето како и за мускулните структури во телото. Користењето на семки од лубеница во облик на чај или грицки, се препорачува и за јакнење на меморијата и концентрацијата, како и за сјај и затегнатост на кожата. Позитивно делуваат и за јакнење на либидото и потенцијата кај мажите. Чајот од семки од лубеница се препорачува и за дијабетичари како ефикасно средство за третирање на дијабетес тип 2.

Семките од лубеница можете да ги искористите и како солен вкусен „снак“ слично како и семките од тиква. Потребно е да ги измиете исклучиво црните семки, да ги раширете на хартија или на некоја површина и да ги исушите на воздух или сонце. Потоа семките испечете ги во тава или во рерна на средна температура 20-25 минути. Не користете превисоки температури, за да може да се сочуваат корисните состојки во семките. Во 200 мл вода разматете една супена лажица сол и со оваа вода повремено попскајте ги семките додека се печат. Водата ќе испари а солта ќе се задржи на семките. Вака семките стануваат многу вкусни и ги задржуваат повеќето корисни состојки. Вака приготвени се омилен специјалитет во Египет.

Семките од лубеница се одличен извор на магнезиум, железо, витамини А, Б, Ц, антиоксиданси, калциум, калиум, манган, ниацин, како и на здрави масти.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави