Разбојници од куќа во Арачиново вчера украле 120.000 евра, заедно со документот кој потврдува дека парите се извадени од банка.
Кражбата била пријавена телефонски во полиција од страна на синот на оштетеното лице, кој бил под закана од пиштол, при што му ја побарале актовката со парите и документот.
Парите биле стекнати од продажба на нива од пред два месеци. Од МВР работат за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.