11.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Симулација на мандати: ВМРО-ДПМНЕ до 54, СДСМ од 28 до 30 пратеници во идниот парламент

Наслов: Симулација на мандати: ВМРО-ДПМНЕ до 54, СДСМ од 28 до 30 пратеници во идниот парламент

Според симулацијата на пратенички мандати изведена од априлското мерење на јавното мислење на граѓаните, спроведена од страна на ИПИС за потребите на емисијата Објектив на МРТ, најголем број пратеници во новиот парламент се очекува да има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Имено според проценката коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ би имала од 51 до 54 пратеници, СДСМ би имале од 28 до 30 пратеници, ДУИ од 13 до 17 мандати, коалицијата ВРЕДИ од 11 до 13 мандати, а по нив следат Левица со 4 до 7 и движењето ЗНАМ од 4 до 6 мандати.


По изборни единици, симулацијата предвидува во првата изборна единица ВМРО-ДПМНЕ да има од 8 до 9 пратеници, СДСМ 5, ДУИ од 2 до 3, ВРЕДИ 2 мандата, Левица од 1 до 2 и ЗНАМ еден освоен пратенички мандат.

Во ИЕ 2 се очекува ВМРО –ДПМНЕ да има 8 пратенички мандати, СДСМ 4, ДУИ од 2 до 3, ВРЕДИ 2, ЗНАМ исто така 2 пратеници, а Левица од 1 до 2.

Во изборна единица 3 проекциите велат дека ВМРО-ДПМНЕ би имале 12 пратеници, СДСМ 6, Левица и Знам по еден пратеник.
Во четвртата изборна единица потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ е да освои од 11 до 12 мандати, СДСМ 7, а шанса да освојат по еден пратеник имаат и Левица и движењето ЗНАМ.
Во ИЕ 5 според проекциите најмногу пратеници ќе има ВМРО-ДПМНЕ, односно 9 мандати, СДСМ од 5 до 6, а по нив следат ДУи од 2 до 3, Левица со 1 мандат, а потенцијал да имаат пратеник од оваа изборна единица имаат и ЗНАМ и ВРЕДИ.
Во шестата изборна единица според анкетите и проекциите се води изедначена трка на ДУИ и коалицијата ВРЕДИ. И двата блока имаат можност да освојат од 7 до 8 пратеници, по нив следи ВМРО-ДПМНЕ со 3 до 4 мандати и СДСМ од 1 до 2.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави