Денеска во име на “Коалицијата за европска иднина” го потпишав Кодексот за фер и демократски парламентарни избори 2024
Учесниците во изборниот процес се наши политички конкуренти, а не непријатели.
Подготвени сме да се соочиме со јасен концепт за иднината и со аргументирани решенија.
Важно е сите учесници да покажеме политичка зрелост и институционален капацитет за спроведување фер и демократски избори.
Да го подигнеме нивото на комуникација, да дебатираме со аргументи и да се слушаме едни со други.
Да покажеме почит кон граѓаните, во изборниот процес тие се најважни, нивниот глас одлучува