Поранешниот претседател Стево Пендаровски остро му одговори на Љубомир Фрчкоски по неговата изјава дадена во емисијата „Во Центар“, во која името на Пендаровски беше споменато во негативен контекст.
Во својата објава на Фејсбук, Пендаровски порача дека изјавата е проблематична на повеќе нивоа, посочувајќи дека во својата долга кариера никогаш не се занимавал со задкулисни игри.
„Македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум ‘мешетарел’, како многу други во чии кариери нема ништо друго освен заткулисни маневри и кафеанско озборување,“ напиша тој.
Пендаровски додаде дека многу поголем проблем е тоа што изјавата на Фрчкоски е „целосно одлепена од реалноста и фактите“.
„За жал, тоа се случува кај некои луѓе поради ‘квалитетот’ на изворите со кои се дружат,“ порача поранешниот претседател.

