24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

📷 ДОЖИВЕАЛ МОЗОЧЕН УДАР ДОДЕКА БИЛ НА СЛУЖБЕН ПАТ ВО УНГАРИЈА Македонски државјанин пренесен со полициски хеликоптер од Сегедин во Скопје

Македонски дражавјанин кој на 18 април доживеал мозочен удар додека бил на службен пат во Унгарија, денеска е успешно транспортиран на скопскиот клинички центар. По интервенција на Центарот за управување со кризи (ЦУК), за транспортот е искористе полицискиот хеликоптер Бел-412.

„Денеска (20.04.2024) по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија. Тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза”“ – информираа од Министерството за внатрешни работи.

Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави