12.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Пендаровски за Филипче: Станува збор за човек за кој ти е мерак да гласаш

Пендаровски вчера караванот за претстојните претседателски избори го продолжи во Радовиш од каде го опиша докторот како посветен на професијата и човек кој е достапен и во три часот по полноќ.

„Ќе ми дозволите два три збора за д-р Филипче кој изминатиов период покажа и кога не беше на функција дека се наоѓаше секому, беше достапен 24/7 и јас и мојата сопруга и моите соработници секојпат сме го барале. Во 3 на полноќ знаел да се јави и да дојде. За него немаше работно време и не само во време на корона, во кое било време и пред 2019. Денес да го побарате повторно ќе го најдете“, истакна Пендаровски пред радовишани.

Тој исто така рече дека разликата меѓу Филипче и противкандидатот во ИЕ 4 Александар Николоски е огромна затоа што едниот одбира да биде дома наместо било каде во светот, а другиот за цел нема ниту ден работен стаж.

„Немав намера да трошам зборови за неговиот противкандидат, нашиот, вашиот противкандидат во оваа изборна единица кој целиот свој живот бил на државни јасли или на партиски јасли. Нема еден ден работен стаж надвор од тоа. Партијата му давала работа, партијата му давала плата. Ако не е партијата не може да заработи за леб. Сосема различен од нашиот Венко Филипче кој сега да посака може да биде хирург каде сака во светот за еден месец да заработи повеќе од годишна плата и на пратеник и на министер и на претседател“, рече Пендаровски.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави