2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Митинг на СДСМ и коалицијата во Скопје: Ковачевски вети подобра иднина

Дождливото време не ги одврати граѓаните и поддржувачите на коалицијата предводена од СДСМ и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски да дојдат на централниот митинг кој симболично се одржа пред седиштетото на Делегацијата на ЕУ во центарот на Скопје. Оттаму се испратија пораки за европската интеграција на Македонија, подобар животен стандард, модерно здравство, правда, борба со криминалот и корупцијата.

Гостин беше и претседателот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Стефан Левен која упати пофалби и поддршка за коалицијата на СДСМ и Пендаровски и европската иднина што, според него, тие ја нудат.

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски заедно со носителите и коносителите на листи ветија подобра иднина. Ковачевски, меѓудругото, призна грешки во соработката со коалициските партнери кои, како што рече, од етничките прашања направиле бизнис и најави дека по 8 мај во власта ќе има место само за чесните и вредните.

Повиците од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за македонско национално обединување за претседателскиот кандидат Пендаровски ги оцени како неприфатливи, а етничката хомогенизација во мултиетничка држава според него е рецепт за дестабилизација. Опозицијата, вели тој, не нуди јасна алтернатива за европската иднина на државата.

Изборните каравани на партиите и кандидатите за претстојните претседателски и парламентарни избори продолжуваат и денеска, повеќето со активности во Скопје. До утре на полноќ трае кампањата за првиот круг за избор на шеф на државата, а граѓаните својот глас ќе го дадат во среда.

поврзани објави

Последни објави