12.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Ахмети му се закани на Мицкоски: „Не си ја барај бељата“…

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва од митингот на плоштадот „Македонија“, му се закани на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој му порача да пази што зборува бидејќи уште е млад.

„Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити). Јас сум пораснат во кула од камен што три пати е изгорен од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем). Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади“, порача Ахмети.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави