12.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

1,8 МИЛИОНИ ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА СТИГНАА ДО ИЗБОРНИТЕ КОМИСИИ Утре ќе се дистрибуираат уредите за биометриска идентификација

На два дена пред првиот изборен круг за претседателските избори државната изборна комисија го почна распределувањето на гласачкиот материјал до 80 општински изборни комисии. Под силно полициско обезбедување, во присуство на претседателот на ДИК Александар Даштевски, изборниот материјал, спакуван во картонски кутии со заштитен печат, утрото тргна од Битола.

– Печатењето беше во ред, имаше наш тим, голем тим од избирачки список тука, предводени од раководителите кои завршија вчера попладне со доверливиот материјал за претседателските избори и после од понеделник се враќаат повторно, за да го контролираат процесот на вториот круг претседателски избори и за парламентарните избори – изјави Даштевски.

Тој рече дека до крајот на денов ќе биде пренесен целиот изборен материја, а утре почнува и дистрибуцијата на уредите за биометриска идентификација.

Според податоците од печатницата и се испечатени се околу 1.800.000 ливчиња

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави