15.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Од полноќ почнува молкот за претседателските избори на 24 април

Од полноќ почнува молкот за претседателските избори на 24 април

Последен ден од кампањата за претседателските избори на 24 април. Вечерва на полноќ почнува молкот, што завршува на денот на гласањето во 19 часот. И покрај молкот за претседателските избори, изборната кампања за парламентарните избори на 8 мај ќе се одвива и нема да биде прекината.

Гласачите на седмите парламентарни избори ќе можат да се определат за еден од седуммината кандидати за претседател – петмина мажи и две жени. Кандидирани се актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ваковска поддржана од Левица, Максим Димитриевски – ЗНАМ, Стевчо Јакимовска – ГРОМ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи поддржан од Европскиот фронт.

Карактеристично за овие избори е што тие наместо во недела, ќе се спроведат во среда, ден што Владата го прогласи како неработен. Исто така, овие избори се поклопуваат со изборите за пратеници, а идентификацијата на гласачите повторно ќе биде со апарати за биометриска идентификација.

Вториот круг од претседателските избори, што е извесно дека ќе го има, ќе се поклопи со парламентарните избори на 8 мај, а гласачите кога ќе дојдат на избирачките места пред да ги добијат гласачките ливчиња, ќе треба да се изјаснат дали ќе гласаат за двата избори или не. Доколку не сакаат да гласаат на некој од изборите, нема да можат во текот на денот да се премислат и да се вратат на избирачкото место повторно и да гласаат.

За изборите за претседател во Избирачкиот список се запишани 1.814.317 избирачи. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во ДКП-та или конзуларни канцеларии ќе гласаат 2.569 избирачи.

Во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор, запишани се 2.147 избирачи.

Запишани се и 534 избирачи, кои поднеле пријава за гласање, во посебниот извод од Избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓаат во установи за вон семејно згрижување. Две лица се водат како внатрешно раселени лица.

Дијаспората, затворениците, лицата во старските домови, болните и изнемоштените лица гласаат ден пред изборите односно во вторник на 23 април. Гласањето за претседател почна со членовите на избирачките одбори кои отпатуваа да го спроведат гласањето во дијаспората. Во посебниот извод од Избирачкиот список се запишани 191 избирачи кои треба да го спроведат гласањето во дијапората.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии утре, 23 април, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во Абу Даби каде се пријавени 26 наши државјани за гласање, во Белград-31, Берлин-260, Берн – 186, Бон – 164, Брисел -93, Вашингтон-34, Венеција – 79, Виена – 123, Детроит-34, Загреб-87, Канбера-31, Копехаген-74, Лондон-87, Љубљана-332, Минхен-166, Мелбурн-64, Њујорк-85, Осло-41, Париз-44, Прага-52, Рим-30, Стокхолм-85, Торонто-117, Хаг-65, Чикаго-88, Анкара-18, Варшава-23, Мадрид-18, Пекинг-12 и Софија 22.

Другите наши граѓани кои живеат во странство, своето право на глас можат да го остварат во избирачките места во земјата, согласно адресата во личните документи.

Државната изборна комисија (ДИК) викендов го дистрибуираше недоверливиот и доверливиот материјал, вклучувајќи ги и избирачките ливчиња, до Општинските изборни комисии кои во вторник треба да го достават до Избирачките одбори.

Според најавите, првичните информации за изборните резултати би требало ДИК да ги објави пред полноќ на 24 април.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави