24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

Даштевски: Гласањето помина мирно, излезноста во дијаспората до 17 часот околу 50 отсто

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски вечерва соопшти дека поминал мирно денешниот изборен ден за Претседателските избори, на кој гласаа болните и изнемоштените, затворениците во казнено-поправните домови и лицата во притвор, во старските домови и нашите државјани во странство. Информира дека имале потешкотии во некои планински средини заради врнежите од снег.

Денеска мирно помина денот на гласање. Се отворија сите избирачки места. Имаше малку потешкотии во некои планински средини бидејќи никој не очекуваше дека денеска ќе биде толку лош ден, оти ќе биде прилично ладно, дожд, па на планински места и снег. Но се отворија сите места и сите овие категории што требаше денеска да гласат гласаа, истакна Даштевски во вечерашното гостување на ТВ Сител.

Даштевски информира дека до 17 часот гласале вкупно 6 953 немоќни и болни лица. Потенцира дека во казнено-поправните установи гласале 2 147 лица и 534 лица сместени во посебни центри за вон семејна грижа. Посочи дека правото на глас го оствариле и две раселени лица.

Даштевски информира дека до 17 часот излезноста на нашите државјани во дијаспората е повеќе од 50 отсто.

-Повеќе од 50 посто да речеме апроксимативно, се излезени. Веќе во 19 часот, завршено е секаде гласањето, бидејќи се работи за мал број на гласачи кои гласаа во тие места, еве во дијаспората имаше и по 12 места како на пример Дубаи, Пекинг итн. 12 гласачи кои гласаа. Во Виена гласале 123 лица, во Брисел 93, Софија 22, Загреб 87, Берлин 260. Во Германија скоро сите се излезени бидејќи гласањето се врши во Берлин, Бон, Минхен, значи три места каде што може да го остварат своето право гласачите, а отприлика се пријавија 570 – 580 гласачи, каде што главно го искористиле своето право, рече Даштевски.

Претседателот на ДИК нагласи дека по изборите во државава треба да се разгледува прашањето за промена на системот за гласање на дијаспората.

-По изборите да се размислува за промена на тој систем за дијаспората, бидејќи би требало да имаат и оние претставник, меѓутоа гледаме дека на овој начин веќе неколку циклуси тие не само што не можат да остварат, туку не се ни остварува гласањето, зборуваме за претседателски каде што се пријавија околу 2 400, а не да говориме за парламентарни каде што нема ни да има гласање затоа што не се пријавија доволен број на гласачи. Така што, државата троши големи средства, а нема никакви ниту бенефит, ниту резултат од гласањето во дијаспората.., наведе Даштевски.

Тој нагласи дека сите активности за утрешниот ден што биле предвидени во Роковникот се остварени. Очекува утре успешно да биде остварен гласачкиот ден. Што се однесува до ДИК, посочи тој, се е организрано на највисоко ниво.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави