12.8 C
Skopje
Monday, May 6, 2024
Платено политичко рекламирање

НИШТО НЕМА ДА СЕ ПОСТИГНЕ СО НЕГЛАСАЊЕ Агелер ги повика Македонците на изборите сами да одлучат за својата иднина

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија Анџела Агелер на официјалниот фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината.

„Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи… мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање“, стои во пораката на амбасадорката Агелер.

Во земјава утре ќе се одржи првиот круг од Претседателските избори, на кои во трката за Вила Водно се седум кандидати. Вториот круг заедно со Парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави