15.8 C
Skopje
Monday, May 27, 2024
spot_img

Во Делчево и Македонска Каменица до 13:00 процентот на излезност од 24 до 29 отсто

Во Делчево и Македонска Каменица во првиот круг од претседателските избори до 13:00 часот процентот на излезност се движи од 24 до 29 отсто.

Како што информираа од Општинската изборна комисија, во Делчево до 13 часот во оваа општина гласале 4200 граѓани од 14.490 граѓани со право на глас, колку што се запишани во избирачкиот список.

– Во проценти излезноста на гласачите во Делчево е 29 отсто до 13:00 часот. Гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера, без никакви проблеми, информираа од ОИК Делчево.

Во Македонска Каменица 1598 или 24,06 проценти од гласачите го оствариле своето право на глас до 13:00 часот на првиот круг од претседателските избори 2024.

Вкупниот број на гласачи во избирачкиот список во оваа општина изнесува 6641 лице.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави