24.8 C
Skopje
Sunday, May 19, 2024
spot_img
spot_img

За Стевчо Јакимовски не сакале да гласаат ниту во општината во која е градоначалник

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските избори освои само 8.013 гласови што е помалку гласови од бројот на собрани потписи за претседателска кандидатура, зад која му се потпишаа 10.000 граѓани.

Јакимовски во неговата општина освои 2.143 гласови, додека во родната Крива Паланка за Јакимовски гласале 182 граѓани.

Тој вчеравечер призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова. Со оглед на поразот, рече дека не е задоволен од изборниот резултат.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави