26.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Гоцевски: Спиновите на СДСМ се единствен спас за нивниот дебакл!

Колумна на Иван Гоцевски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево

За големите партии секогаш важело дека си имаат многу ботови кои со разни итрини, стратегии и со многу таканаречени „спинови“, односно измислени приказни и навреди, споделени на многу лажни профили стануваат „вистини“.

Оние кои манипулираат со овој скриен механизам на општеството, како една “невидлива влада” се вистинската владеачка моќ во нашата земја…

“Ние” сме управувани, нашите умови се моделирани, нашите вкусови се формирани, нашите идеи се сугерирани, најчесто од луѓе за кои никогаш не сме слушнале…Во скоро секој акт на нашите секојдневни животи, без разлика дали во сферата на политиката или бизнисот, или нашето социјално однесување или етичко мислење, ние сме доминирани од релативно мал број на луѓе, кои ги разбираат менталните процеси и социјални шаблони на масите. Тие се оние кои ги влечат конците што го контролираат јавниот ум.

Прв пат сме сведоци на ужасно манипулирање и понижување на Македонскиот народ , со спинови од владеачката структура , за наша среќа и голема поддршка од народот, сета таа агонија ќе заврши за еден месец!

1198 проекти на ВМРО-ДПМНЕ не се спин!

Не може борбата за еден пристоен животен стандарт, отворање фронт против корупцијата и рушење на законите , правата и слобода на почитување на слободната волја на народот да бидат невистини или спинови, наспроти Политичките екскурзии и преубава земја која е направена зоолошки циркус .

Визијата за подобро општество, и динамичниот економски развој, заедно со промените кои се во наши раце, ќе бидат реалност за граѓаните на Р. Македонија, бидејќи луѓето, Македонскиот народ ,е срцето на нашата политика, нашата мотивација за здрава, демократска држава.

Спиновите на сдс никогаш не можат да ги прифатат нашите идеи за еднакви права за сите граѓани, повисоки плати и пензии, квалитетен образовен систем, поддршка на земјоделието и одлични услови за субвенции, како и целокупниот квалитет на индивидуата, кој треба да биде нашата иднина и достоинство.

Политичката “жива песок” во која тонеме со години има надеж, таа надеж граѓаните ја препознаваат и ќе си ја овозможат на 24 април и 8 мај.

Граѓаните се навикнати на неправди и маки изминатите 7 години тортура и агонија. Новиот судски систем за чесно и според закон функционирање на државата и правата на граѓаните, ќе биде приоритет кој ќе го докажеме.

Не постои спин кој не може народот да го препознае. Народот е изморен и бара докази, факти и работа.

Откривањето и привлекувањето на домашни и странски инвестиции, беше најголемиот спин кој владата сама за себе си го пласирала во јавноста. Самата влада и сите нивни постапки изминативе 7 години , беа дефиниција за спинови и лажни вести, и мислат дека со тоа и ќе ја запрат нај моќната Македонска партија која има еден и единствен идеал и приоритет.

Македонија е библиска земја и нема да дозволиме едни предавници и одродници да го исклучат светлото во државата.

Народот заедно со ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи државата да пулсира како држава на среќни граѓани.
Ве уверуваме дека спиновите стануваат минато и дека многу наскоро Македонија ќе живее среќен живот во една безбедна држава.

Дебакалот на сдс не може да се скрие со спинови, но… никој не може да им го скрати правото да се надеваат , држејќи се за ортомата на која самите се врзаа.

Не со овој народ предавници…

Не со оваа држава која ја уништивте до корен…
Фениксот ќе се крене над секој еден од нас … верувајте за да се оствари!!!

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави