26.8 C
Skopje
Saturday, May 18, 2024
spot_img

Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев

На свеченост организирана од општина Пустец денеска на плоштадот во оваа општина беше откриена спомен-биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Поздравни обраќања имаа Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија – Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер-советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во своето обраќање на свеченоста по повод откривањето на спомен биста на македонскиот великан Гоце Делчев во Пустец, Албанија, изрази задоволство дека заедно со Македонците од другата страна на границата, оддава почит на еден од најсветлите ликови на нашата историја, идеолог и борец за слободна и независна македонска држава.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img

Последни објави