3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

СЕ ВОЗИМЕ СО БОЧВАРСКИ Филипче објави видео од патот Градско – Прилеп

Со Благој Бочварски го возевме новиот пат Градско – Прилеп, првата делница од Градско до Дреново. Изгледа одлично. Работите се завршени над 90%, напиша денеска на фејсбук Венко Филипче, носител на изборната листа број 4 на СДСМ, објавувајќи и видео.

„Експресниот пат Градско-Дреново, ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот пат Коридор 10. Ова е Коридор 10Д. Сè уште е во градба, меѓутоа на оваа делница асфалтот е вграден со 98% од сите количини на асфалт“, вели министерот за транспорт и врски.

Бочварски раскажува дека првата делница, којашто ја возат со Филипче е 91% завршена, а на втора делница работите се завршени до 80% поради комплексноста на теренот.

поврзани објави

Последни објави