Деветгодишно дете вчера заврши на Инфективна, откако било каснато од куче во Катланово. Повредата е сериозна и лекарите го задржале детето на болничко лекување.
Од Инфективно соопштуваат дека само во изминатите три денови имале седум прегледи на лица кои биле нападнати од кучиња, додека на месечно ниво оваа бројка доаѓа и до стотина случаи.
За овој проблем најголема одговорност имаат локалните власти кои би требало да обезбедат стационари за загрижување на кучињата скитници, обвинија од Агенцијата за храна и ветеринарство.
„Надзор е извршен и врз кучето во Неготино кое, исто така, касна дете. Процедурата продолжува со вакцинирање на кучињата против беснило и нивно идентификување со микро чип“, соопштија од АХВ.