6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Официјално започна Брегзит – Велика Британија излегува од ЕУ

„Ви благодариме и довидување“, им порача Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туска на Британците, откако ја прими информацијата за почетокот на Брегзит. Тој истакна дека нема причина да се глуми дека денеска е среќен ден ниту во Брисел ниту во Лондон.

„После се, поголемиот број Европејци, вклучително и речиси половината британски гласачи, сакаа да останеме заедмо. Лично нема да глумам дека денеска сум среќен“, истакна Туск во одговорот на писмото на Велика Британија со која официјално го покрена процесот за излез од ЕУ.

Девет месеци по гласањето за излегување од Европската унија, Велика Британија денеска го започна историскиот процес на заминување од унијата во која влезе пред 44 години. Британската премиерка Тереза Меј синоќа го потпиша писмото кое денеска беше предадено во Брисел, со што и официјално почна Брегзит. Сега земјата ја чекаат две години на тешки преговори.

поврзани објави

Последни објави