6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
Платено политичко рекламирање

Трагедија во виничкото село Липец: се преврте трактор – возачот загина

Нова сообраќајна несреќа што заврши со трагични последици се случила претпладнето во Источна Македонија, поточно виничкото село Липец.

48-годишниот М.П., жител на селото Липец, загинал на локалниот патен правец што води кон Виница, откако се превртел тракторот што тој го управувал. Се претпоставува дека причина за несреќата е момент на невнимание на возачот, што на крајот завршило фатално за него и имал кобни последици.

Според извештајот од СВР Штип, утрината околу 10 часот на локалниот пат село Липец-Виница, М.П.се движел со земјоделската механзиација, при што дошло до превртување на тракторот.

Возачот не успеал навреме да реагира и се нашол притиснат под возилото, при што се здобил со нагмечување на внатрешните органи. Поради сериозноста на повредите безуспешни биле обидите да му се помогне и да се укаже прва помош, па увидната екипа констатирала дека трактористот починал на местото на несреќата.

Ова не е прв случај со тешки и кобни последици при ваков вид сообраќајна несреќа во овој регионот. Пред околу 4  години за време на првомајска прослава, во близина на населбата Оризари во Кочани, две постари лица загинаа, а 15-тина малолетници беа повредени откако трактор се преврте на враќање од првомајското празнување.

 

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави