18.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Идниот премиер Мицкоски ќе присуствува на чествување на 148 години од Разловечкото востание во селото Разловци – Делчево

Идниот премиер на Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски својата прва средба меѓу граѓаните по огромната и силна победа на претседателските и парламентарните избори, ја започнува од славното село Разловци, местото каде што далеку пред Илинденското востание гласно се слушнало барањето за независна Македонска држава.

За овој настан покана упати и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево Иван Гоцевски кој истакна дека му е особена честа и задоволството што свое присуство ќе има и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Објавата на Гоцевски во продолжение:

Почитувани,
Со особена чест и задоволство ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево, Ве поканува на настан, “Чествување на 148 години од Разловечкото Востание”.
Со своето присуство, ќе не’ удостои и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Премиер на Република Македонија, Проф.д-р Христијан Мицкоски.
Ве очекуваме, заедно да го одбележиме овој историски важен настан за Пијанечко-Малешевскиот крај!
📍С.Разловци, црква “Св.Цар Константин и Царица Елена”
🕛12:00 ч.
🗓️ 19.05.2024г.(Недела)

поврзани објави

     

Последни објави