-0.2 C
Skopje
Thursday, January 16, 2025

Не коментирам пораки од грчкиот премиер, време е да се однесуваме скандинавски

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова не сака да ги коментира најавите за вето од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за евроинтеграција на земјата, но смета дека и ние и соседите може да се однесуваме поинаку. Одговарајќи на новинарско прашање денес на одбележувањето на Денот на Европа, претседателката Силјановска-Давкова рече дека во преспанскиот договор има механизми, почнувајќи од укажување па сè до обраќање до генералниот секретар на Обединетите нации, како и можност за постапка пред Меѓународниот суд на правдата за непочитување на договорот. Претседателката потсети дека тоа е истиот суд чија пресуда Грција не ја почитуваше, но сепак е механизам што постои и е гарантиран за секоја членка.

„Јас не можам да го спречам во тоа. Точно е дека преспанскиот договор е дел од преговарачката рамка, но не мислам дека тоа е во духот на развивањето на пријателските односи. Јас мислам дека и во традиционалната дипломатија можеби е добро да погледнеме, да фрлиме поглед врз културната дипломатија.

Таму на поинаков начин ги решаваат проблемите. Мислам дека и ние со соседите би можеле, во пријателски дух, да се обидеме да се однесуваме на поинаков начин. И денеска тоа го кажав, малку да бидеме Скандинавци“, рече претседателката Силјановска-Давкова.

Грчкиот премиер Мицотакис во неколку наврати на јавните настапи во Грција укажа на дека европскиот пат на нашата земја минува низ Грција и може да биде затворен ако не се почитува преспанскиот договор.

„Кога некој го влече јажето, ќе треба да биде подготвен да се скине. И ако отстапува од договорениот тек, да знае дека ќе наиде на затворен пат кон Европа. Пат што поминува од Грција и почитувањето на меѓународното право“, рече грачкиот премиер Мицотакис откако претседателката Силјановска-Давкова, давајќи заклетва во Собранието, не ги изусти зборовите Република и Северна, туку кажа само Македонија.

поврзани објави

Последни објави