30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

Меџити: Очекувам да станам прв вицепремиер

Новата влада ќе се формира по празникот Бајрам, на 19 или 20 јуни. Ова денеска во изјава за ТВ Алсат го најави претседателот на Демократското движење, кое е дел од коалицијата „Вреди“, Изет Меџити, посочувајќи дека веројатно тој ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија, додека Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, министер за здравство.

„Јас и Таравари најверојатно ќе бидеме во извршната власт. Јас ќе извршувам функцијата вицепремиер и министер за екологија, додека Таравари повторно ќе го води ресорот здравство. Касами повторно ќе се врати во Тетово, за да го доврши мандатот, кој успешно го започна. ‘Вреди‘ ќе има двајца албански вицепремиери во новата извршна власт. Сериозен кандидат за вицепремиер за добро владеење ќе биде Арбен Фетаи од Алијансата за Албанците на Таравари. Деновиве ќе се одлучува за вицепремиерското место за евроинтеграции, кое треба да припадне на Алтернатива за Албанците. Беса, пак, треба да одлучува за министерските места за економија и социјална политика“, вели Меџити.

поврзани објави

Последни објави