21.8 C
Skopje
Tuesday, July 23, 2024

ПОТРЕБНИ СМЕ МУ НА МАЛИОТ МАРТИН Да донираме за неговото лекување

На Мартин Талевски, роден на 08.11.2019 година, на 4 годишна возраст, му е дијагностициран екстремно редок тип на разорен тумор, Аневризматска Коскена Циста на прв вратен пршлен Ц1.

Потребно е итно да се почне со лекување на истиот. Потребно е да се направат од 3 до 6 интервенции – склерозации на цистата, на интервали од два до три месеци, во болницата Nationwide Children’s Hospital во Columbus Ohio во Соединети Американски Држави. Цената за 3 интервенции е 52.500,00 УСД. Овие интервенции се единствена шанса да се зачува заболениот пршлен на Мартин кој е во опасност од сронување или кршење.

Семејството отпочнува хуманитарна акција за обезбедување на неопходните средства за лекувањето и патувањето на Мартин Талевски во Америка.

Да се вклучиме во акцијата за Мартин да може да го продолжи своето безгрижно детство како и пред овој неочекуван настан.

поврзани објави

Последни објави