8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Агелер: Нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата

Нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата, изјави Анџела Агелер, американска амбасадорка.

„ВМРО-ДПМНЕ го избра партнерот – Вреди, која е исто така коалиција, исто како и Европскиот фронт предводен од ДУИ. Сум имала разговори за ова со низа функционери на ДУИ и други и нема законска обврска за тоа со кој ќе стапите во коалиција. Партијата што победи на изборите ја имаше можноста и избра да создаде коалиција со малцински групи во земјата. Тоа е од исклучителна важност зашто она што двете наши земји ги прави толку богати е диверзитетот, различните етнички групи и заедници и она што тие го носат за нашите демократии. Оттука, задоволна сум што владата е составена од различни групи и нема законски обврски за ДУИ да се вклучи во владата. Знам дека има прашање на закон наспроти легитимитет, но факт е дека ВМРО-ДПМНЕ избра партнери од различни заедници во земјата и тоа е нивно право. Избраа тоа да го направат и ќе видиме како ова партнерство ќе функционира.“, вели Агелер.

поврзани објави

Последни објави