Дијана Илиевска е нов пратеник во Собранието на Република Македонија!
Досегашната претседателка на Советот на општина Гази Баба Дијана Илиевска е нов пратеник во Собранието на Република Македонија.
Изминатите две и половина години имавме одлична соработка која резултираше со поддршка од Советот на општина Гази Баба за сите проекти и иницијативи поднесени од моја страна.
И честитам на Дијана Илиевска за мандатот и посакувам успешна работа во Собранието на Република Македонија. Очекувам исто како и останатите двајца пратеници Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски да се бори за реализација на нови проекти од централната власт во општина Гази Баба.