6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Хрватскиот парламент одлучи да ги отвори досиејата на УДБА – Србија уште одбива!

Хрватскиот парламент со огромно мнозинство одлучи да ги обелодени досиејата, создавани од југословенската државна безбедност – УДБА, во времето на Јосип Броз Тито.

Предлогот за обелоденување на досиејата е направено од движењето „Мост“ на Божо Петров, кој учевствува во коалициската влада на Андреј Пленковиќ.

„За“ предлогот гласаа 114 пратеници од вкупно 117 присутни пратеници во пленарната седница. Три лица се воздржаа од гласање, пренесуваат хрватските медиуми.

Србија е меѓу единствените земји од поранешна Југославија, која и до денес одбива да ги отвори архивите на УДБА. Во Република Македонија Државниот архив започна да ги објавува досиејата во посебни изданија. Властите во Скопје открија дека во земјата од УДБА биле прогонувани во 60-тите година на минатиот век над 136 000 луѓе.

поврзани објави

Последни објави