Конгресот во Малта го отвори претседателот на Европската Народна Партија Жозеф Дол, а говореше и генералниот секретар на ЕПП Истурих. Тие во своите обраќања се осврнаа од важноста за продолжување на иницијативноста на Европската Унија и јакнење на нејзините капацитети.
На конгресот свое обраќање имаше премиерот Емил Димитриев.
„Со успешно менаџирање со границите и исклучително хуман пристап, демонстриравме активна и проактивна улога директно помагајќи на нашите пријатели од ЕУ во справувањето со овој голем хуманитарен, социјален и безбедносен предизвик, за кој и во следниот период е потребна координирана акција. Ризиците се реални и опасноста не е помината“, изјави Димитриев.
Премиерот Емил Димитриев посочи дека Македонија докажа дека е лојален партнер на кој може да се потпре Унијата и кога Македонија може да биде еден од столбовите и на браникот на европските интереси, подеднакво важно е да биде и дел од стратешките планови и дел и од семејството на Европската Унија.
„Со ова уште повеќе се покажува потребата и значајноста за членство на Република Македонија во Европската Унија што е наша стратешка цел како држава, нешто што е од интерес и на нашата земја но и на европското и евроатланстко семејство, нешто што ќе гарантира безбедност на регионот но и сигурно трасирање на економски и политички сестран развој“, изјави Емил Димитриев.
Тој нагласи дека единствената ориентација на Република Македонија останува членството во ЕУ и НАТО.
Премиерот Емил Димитриев беше придружуван од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој оствари билатерални средби со повеќе политичари кои се дел од семејството на Европската народна партија.
Разговор со Кристијан Шмид, федерален Министер за земјоделие на Германија и Секретар за финансии на @EPP #EPPMalta pic.twitter.com/EUnZDIEms3
— Nikola Gruevski (@GruevskiNikola) March 29, 2017
Груевски остварил средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, со Јанез Јанша од Словенија, со домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП на Малта, претседателот на Националната партија на Малта Симон Бустил, со федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП Кристијан Смид и други политичари и влијателни луѓе од политичкиот естаблишмент на европско ниво.
Работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан#EPPMalta @EPP pic.twitter.com/kRvq5lcxJd
— Nikola Gruevski (@GruevskiNikola) March 29, 2017