25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

МВР му поднесе кривична пријава на Крешник Бектеши заради вршење притисок за време на изборите

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши- осомничен е дека ја попречувал правдата, бидејќи за време на изборите на командир од охридската полиција му испратил порака за преземање законски полициски мерки и истражни дејствија. Кривичната пријава доаѓа по околу три месеци, пренесува Телевизија Сител.

Бектеши денеска ја објави пораката која му ја испратил на командирот:

Свака ви част! Јаки сте. Срамота треба да ви е да се занимавате со млади луѓе, стои во пораката која ја пратил Бектеши на Whatsapp на 7мај.

Екс министерот смета дека станува збор за политички прогон и одмазда за дебалкот кој се случил на 8 мај, а заплашувањето како што вели нема да помине.

На 7 мај, како координатор на Европскиот фронт во ИЕ 5, од штабот на Европскиот фронт во Охрид добив информација дека на денот на изборниот молк, началникот на кабинет и членовите на кабинетот биле контролирани од охридската полиција што е директно мешање во изборниот процес. Имајќи предвид дека должноста на раководителот на секторот е да обезбеди фер и демократски избори, подолу е пораката што му ја испратив и како одговорен за изборниот процес.

И од матичната партија на Бектеши, ДУИ го осудија политичко мотивираниот како што велат “лов на вештерки”.Велат Владата се обидува да го одвлече вниманието на јавноста од своите катастрофални неуспеси и да го заплаши албанскиот граѓанин.

Ова е отворен обид за политичка одмазда кон партијата која го институционализираше достоинството на албанскиот народ во оваа земја и да го замолкне гласот на албанскиот народ со враќање на заробената држава. Јасно е дека владата со моноетнички легитимитет се обидува да ја прикрие својата неспособност и лошото управување напаѓајќи ги политичките противници. Остануваме решителни и нема да бидеме исплашени од овие кукавички тактики, велат од ДУИ.

Обвинителството и судството да постапат по случајот со Крешник Бектеши и тој да сноси одговорност, повикаа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, а сега ЈО и судството да постапат и да сноси и одговорност. Како таа порака со содржина дека е срамота што МВР се занимава со млади луѓе не е притисок? Дали за Бектеши младите прекршители на законот или криминалци не се криминалци? Што за Бектеши се млади луѓе, дали тоа се лица од 18 до 30 години и дали тие не треба да се гонат ако направиле прекршок или кривично дело? Која порака Бектеши ја упатува до младите?

Премиерот Мицкоски кажа дека не знаел за кривичната пријава и ќе ја почитува презумцијата на невиност.

поврзани објави

     

Последни објави