10.8 C
Skopje
Sunday, October 27, 2024

Арсовска со незаконски прераспределби им се осветува на вработени во ЈСП кои јавно проговорија за проблемите во претпријатието

HomeВестиМакедонија
Арсовска со незаконски прераспределби им се осветува на вработени во ЈСП кои јавно проговорија за проблемите во претпријатието
Арсовска со незаконски прераспределби им се осветува на вработени во ЈСП кои јавно проговорија за проблемите во претпријатието
Љубиша Владимировавгуст 12, 2024
Вработени во ЈСП бесни на Данела Арсовска. Откако јавно проговорија што се случува со автобусите во гаражите и зошто се почесто се случуваат дефекти, Арсовска сега ги деградирала и прераспределила на пониски позиции од тоа што до сега работеле. За Алфа велат дека Арсовска ги казнува само затоа што се охрабриле јавно да зборуваат за хаосот кој се случува во ЈСП.

Меџит Идризи и Елизабета Тошевска денеска се сретнаа со директорот на ЈСП Драги Кушовски, за кој велат дека не е виновен за она што се случува во претпријатието. Тие имаат индиции дека наредбата е дојдена од градот Скопје, поточно по налог на градоначалничката.

„Па сето она што се случуваше со нашите изјави према градоначалничката, односно градоначалникот на градот Скопје, а имаме индиции дека ветерот дува од кабинетот на градоначалникот на Град Скопје, насоките за прераспределување, тргање од тие работни места, е од таму, насочена према лица кои се во правната служба во ЈСП, а тие ја извршуваат задачата, односно постапуваат согласно тоа што им е дадена од кабинетот“, рече Гоце Делчев Тодев од „Конфедерацијата на Синдикалните организации на Македонија“.

Меџит Идризи кој претходно работел како возач, доживеал сообраќајна несреќа, се повредил и од тогаш има медицински документ со кој потврдува дека му е забрането да вози и да работи во седечка позиција. Но на Идризи сега му е наложено повторно да биде шофер.

„Претходно работев како механичар, многу години. После тоа бев возач, потоа имав сообраќајка па промена на работно место, заради сообраќајката и бев снимач на сообраќај на транспортен центар. Оттука сега, ме деградираат пониско работно место, возач кога не смеам да работам, еве имам од ИПК, документ дека не смеам да седам и долго да се движам, а тие ме тераат да работам како возач“, рече Меџит Идризи, поранешен механичар во ЈСП.

Претседателката на синдикалната организација на СПАЈС во ЈСП Скопје, Елизабета Тошевска, пак која е пред пензија, вели дека не по нејзина вина, намерно е деградирана од позицијата диспечер на работно место организатор на автобуски стојалишта.

„Сега сум префрлена, не по моја волја и преку ноќ, како организатор на автобуски стојалишта, што е многу пониско работно место“, рече Елизабета Тошевска – поранешен диспечер во ОКЦ во опертивниот контролен центар во ЈСП и претседател на синдикалната организација на СПАЈС во ЈСП Скопје.

Од Град Скопје засега ни одговорија дека за било какви информации одговорите да ги побараме во раководството на претпријатието.

„За информации за тековното и оперативно работење на ЈСП може да го контактирате раководството на претпријатието“, велат од Град Скопје.

Инаку проблемите и хаосот кој се случува во ЈСП не се од сега. Често се случуваше возачите да штрајкуваат затоа што Арсовска не им исплаќаше пари, а во Скопје пола година немаше редовен јавен превоз и поради тоа што не возеа приватните превозници, на кои Арсовска исто така им должеше.

За еден месец се случија два пожари и изгорени автобуси, а еден поради дефект на воланот заврши во жардењера. Градоначалничката Данела Арсовска дојде на функција со ветување за бесплатен превоз за сите граѓани и набавка на нови 250 еколошки автобуси.

Јавното сообраќајно претпријатие располага со околу 300 автобуси, но околу 20% од нив се целосно неисправни, па седат во гаражите на ЈСП. Дел од оние кои се во сообраќај, пак, имаат поситни дефекти како расипани трепкачи или светла кои сепак сериозно ја нарушуваат безбедноста.

поврзани објави

Последни објави