13.8 C
Skopje
Sunday, October 27, 2024

Ахмети: Ако Македонците не соработуваат со Албанците, ќе ги голтнат србите, грците и албанците

HomeTоп
23 години од Рамковниот договор: Го донесе мирот, Ахмети сега се заканува дека ако не се соработувало со ДУИ немало да има Македонци
23 години од Рамковниот договор: Го донесе мирот, Ахмети сега се заканува дека ако не се соработувало со ДУИ немало да има Македонци
Матеја Петровскиавгуст 13, 2024
Рамковниот договор го донесе мирот и денес е дел од законите и Уставот на Македонија. Ниту една од страните не беше до крај среќна по неговото потпишување, но тој го донесе најпотребното и најбараното во тој момент, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената владина седница за одбелување на 23 годишнината од неговот потпишување, што значеше и официјален крај на воениот конфликт во 2001-ва година. Вели дел од политичарите во државава, договорот од Охрид го користат само за лични интереси и богатење.

-Многу долго одредени политички елити Рамковниот договор, но и етничките права воопшто како такви ги користат како прекривка за прикривање на своите лични, најчесто лукративни интереси, но и фактот дека предолго и преинтензивно етничките теми се злоупотребуваат. Се градат кариери во тоа име, додека реалниот живот, животот на оние кои подеднакво го делат секојдневието, како и сите останати граѓани е се потежок и понесреќен, изјави Мицкоски.

Дека некои си го користеле Рамковниот договор само за богатење согласен е и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити. Вели веќе минато се политичарите кои си го презентирале како лична партиска победа.

-Оваа нова Влада не е само на зборови и затоа јас сакам да се заблагодарам на нашиот премиер на оваа Влада, затоа што милијарда евра ќе даде на сите општини за децентрализација, што е дел и од Рамковниот договор и што ќе решава многу есенцијални проблеми во нашите населени места, во нашите општини, во функција на подобар живот на сите во граѓани во Македонија, изјава Меџити.

ДУИ очигледно и повеќе од тешко го прифаќа фактот дека не е опозиција, па иако поканети решија да не присуствуваат на владините одбележувања. Си направија своја паралелна и приватна прослава. Главната порака беше дека власта била нелигитимна бидејќи тие веќе не се во удобните фотелји. Али Ахмети дури и испрати и еден вид затскриена закана, дека доколку не се соработувало со нив, немало да постојат Македонците.

-Македонците како народ, нација може да одат напред само во комуникација и усогласеност и во добри односи со Албанците. Инаку ќе ги голтнат Србите, Албанците и Грците. Можеме да ја зачуваме историјата, идентетот, може да го зачуваат својот идентитет, инаку се дестинирани да не постојат воопшто, изјави Ахмети.

Рамковниот договор кој значеше крај на воениот конфликт во 2001-ва го потпишаа тогашниот претседател Борис Трајковски, Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Арбен Џабери, Имер Имери, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.

поврзани објави

Последни објави