Последен ден од кампањата на претседателските кандидати во Србија. Денеска на полноќ почнува предизборен молк.
Избирачките места во земјата ќе бидат отворени во недела на 2 април од седум до 20 часот, по локално време.
Како најсериозен кандидат, анкетите го покажуваат Александар Вучиќ, досегашен премиер на Србија. Покрај Вучиќ, во трката се вклучени уште 10 други кандидати.
Во Србија ќе се гласа на 8.523 избирачки места, додека во Косово за претседател на Србија ќе се гласа на 90 места.
Во странство ќе бидат отворени 53 избирачки места во 32 земји.
Српските државјани во Велика Британија, Канада и САД за претседател на Србија ќе гласаат на 1 април.