Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, денес со стори-објава на својот личен Фејсбук профил сподели интригантна порака по заедничкото планинарење со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски.
„Со многу важна и убава вест за Делчево и регионот се враќаме од Петлец“, напиша Гоцевски, оставајќи простор за бројни шпекулации и очекувања.
Засега не се открива за што точно станува збор, но пораката јасно навестува дека Делчево и источниот регион ги очекува значаен проект или одлука од пошироко значење.
Ако се земе предвид фактот за нивниот заеднички активизам за отпочнување на децениски очекуваниот експресен пат Кочани–Делчево, можеби очекувањата и гласините во јавноста дека токму за тоа станува збор се повеќе од оправдани.
Што мислат делчевчани?









