4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Димовски: Во Ивана Туфегџиќ го препознавам гласот на Сорос

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во својата процедурална забелешка, денеска и нагласи на пратеничката од СДСМ, Ивана Туфегџиќ дека единствено што зборува во македонското Собрание е во име на Сорос.

„Во Ивана Туфегџиќ не го препознавам гласот на иселените, нивните родители или сиромашните, туку гласот на Сорос“, рече Илија Димовски во реплика на Туфегџиќ која кажа дека ако викне со глас на иселените, нивните родители или сиромашните, озвучувањето во Собранието ќе попушти.

Димовски рече дека пред Туфегџиќ да зборува за иселување нека се обрати на функционерите во СДСМ и нека праша зошто Кумоново е градот со најмногу иселени и зошто Струмица е градот со најголем број на луѓе со бугарски пасоши. Тој посочи дека во овие два града резултатот на владеењето на СДСМ е причината за иселувањето на младите.

Димовски исто така се задржа и на Законот за јазици кој што се крие не само од граѓаните на Македонија туку и од 70% од пратениците на СДСМ. Пратеникот посочи дека Законот мора итно да биде ставен на очиглед на јавноста и да се види како Заев се пазарел со државните интереси.

поврзани објави

Последни објави