Премиерот Христијан Мицкоски денеска речедека одбил „непристоен прелдог“ кој го одбил, а се однесува на сегмент од изградбата на пругата за поврзување со Бугарија.
Кажа дека за коридорот 8, секцијата три, добил понуда за поткуп и дека веќе го има тоа пријавено.
Тој кажа дека требало да потпише за оваа тендерска документација која завршува на 17 септември, но дека истиот не го прифатил.
„Додека сум јас премиер,не можам никогаш да ставам потпис на проект, да потрошам пола милијарда пари на моите граѓани за проект кој завршува на половина тунел, на слепа улица. Бидејќи бев жртва на обид за поткуп поврзан со тој проект, јас кажав дека ваков каков што нема никогаш да го поддржам, затоа што тука не станува збор за македонските даночни обврзници, туку и на европските“, рече Мицкоски.
Европската банка за развој ја финансира изградбата на железничкото поврзување со Бугарија. Проектот е веќе во тек, а изведувачи се турски Ѓулермак и австриски Штрабаг.
Од страна на Бугарија единствено досега реагираше нивното јавно претпријатие, од каде што рекоа дека интензивно се работи на одобрување на проектите од Коридор 8.