Почна исплатата на средствата за тримесечјето април-јуни за МојДДВ.
Како што информира УЈП таа ќе се реализира во законскиот рок, односно до крајот на месец август.
Известуваме дека во однос на враќање на дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки на физичките лица за последното тримесечје се генерираат налози за отпочнување на исплатата. За ова тримесечје ќе се исплатат околу 858.059.205 милиони денари на 491.407 граѓани кои скенирале фискални сметки за период април-јуни 2024 година“, велат од УЈП.
Исплатата доцнеше бидејќи се чекаше Собранието да го изгласа ребалансот на Буџетот, затоа што како што информираа од владата, минатата власт не предвидела доволно пари за цела година.