24.8 C
Skopje
Saturday, September 7, 2024

[ФОТО] Закерберг призна: Да, побараа од нас да цензурираме

Директорот на американската корпорација „Meta“ Марк Закерберг призна дека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден вршела притисок на неа за да ги цензурира содржините на социјалните мрежи на компанијата.

Изјавата на директорот на „Meta“ е испратена до претседателот на Правната комора на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави, Џим Џордан, а Комората го објави соопштението на својата страница на социјалната мрежа “Х”.

Закерберг пишува дека во 2021 година, официјални лица од администрацијата на Бајден „постојано вршеле притисок“ врз корпорацијата, „барајќи одредени содржини поврзани со „Ковид-19“, вклучително и хумор и сатира, да бидат цензурирани, а изразувале незадоволство кога ние не се согласувавме.

Сепак, за отстранување на содржината одлучила платформата, тврди Закерберг.

„Сметам дека притисокот на Владата беше погрешен и жалам што не бевме поотворени околу тоа. Цврсто сум убеден дека не треба да се согласиме на компромис во однос на нашите содржински стандарди поради притисок од која било администрација“, пишува директорот на „Мета“, ветувајќи дека ќе се спротивстави на понатамошни слични обиди.

Тој, исто така, призна дека на платформите под негова контрола ги ограничил приказните за содржината на лаптопот на Хантер Бајден, син на актуелниот шеф на Белата куќа, што може да биде доказ за неговата вмешаност во злосторства во областа на дрогата, трговија со луѓе и проституција.

Ваквата одлука Закерберг ја објасни со потребата да се проверат фактите на приказната, пред чија потврда беше ограничено ширењето на содржината. Сега, тврди Закерберг, „Meta“ ја промени својата политика и процедура, за да не се повтори слична ситуација.

Американскиот милијардер и бизнисмен Илон Маск го прокоментира признанието на Закерберг со следниве зборови: „Звучи како кршење на првиот амандман (Устав на САД)“.

„Wall Street Journal” во јули минатата година напиша дека “Facebook” ги отстранува објавите со претпоставки за вештачкото потекло на корона вирусот поради притисок од Белата куќа, повикувајќи се на внатрешната кореспонденција на компанијата, која ја добил од Правната комора на Претставничкиот дом на САД.

Претходно беше објавено дека американските пратеници побарале од компанијата податоци за внатрешна кореспонденција поврзана со практиките на цензура на содржината на “Facebook”.

Телевизијата „Fox News“ објави дека компанијата по барање доставила повеќе од 50.000 страници документи, но, според извори, ниту еден од доставените документи не содржел информации за внатрешните комуникации на „Meta“, кои се од интерес за конгресмените.

поврзани објави

Последни објави