34. годишниот Борко Илинчиќ, еден од лидерите на групата „Пинк Пантер“ која го изврши популарниот грабеж кој се случи во 2007. година, бил пронајден мртов во својата затворска ќелија, пишуваат белградските медиуми.
Борко Илинчиќ е мозокот на операцијата која бандата во 2007 ја спроведе со две возила марка „ауди“. Еден од автомобилите удри во излогот на златарата „Граф“, а потоа маскираните разбојници истрчале и го собрале накитот, дијамантите и часовниците за помалку од една минута.
Успеале да се вратат во автомобилите, кои откако побегнале ги запалиле.
Илинлиќ во февруари 2014 година бил уапсен во Мадрид. Тој кај себе имал лажен пасош на име Иван Кљајиќ и иако упорно повторувал дека е турист, приведен е по неколку дена тајно следење.
Како што пренесуваат белградските медиуми, тој во затворот во Дубаи, најверојатно починал од инфаркт.