Денеска заедно со министерот за образование, Проф д-р Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски , бевме во посета на ОУ Стив Наумов во Гази Баба.
Го одбележуваме денот на почетната година каде што дечињата започнуваат да го чекорат својот образовен пат. Мојата порака е среќен почеток на сите ученици во новата учебна година.
Ја информираме јавноста дека проблемот со учебници од минатото го решивме и веќе заврши. Оваа година учебниците ќе бидат пред учениците, од овие години ќе имаат сите ученици од што да учат.