Советот за оценка на Основен кривичен суд Скопје во целост го одобри обвинителниот акт против Љупчо Палевски – палче за свирепите убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и велешкиот бербер Панче Жежовски.
Со тоа официјално Палевски е осомничен за две кривични дела – убиство и две кривични дела – грабнување. Останува да се види дали на 4 септември ќе започне судењето за останатите обвинети соизвршители.
„За истиот кривично – правен настан, од претходно се обвинети 4 други лица за кои е оформен предмет кој е насрочен за 04.09.2024 година, а за евнтуални промени во терминот, странките и јавноста ќе бидат благовремено известена“, соопшти судот.