19.8 C
Skopje
Sunday, September 8, 2024

Во ресторан добив 1000 евра бакшиш: Кога видов што пишува на сметката, ќе повратев!

Занемела од пораката што ѝ ја оставил гостинот во ресторанот

Во еден ресторан непознат маж ѝ оставил неверојатен бакшиш на келнерката од 1.000 евра. Сепак, ова не бил најголемиот шок поради што девојката одлучи сметката да ја сподели со корисниците на Редит.

Износот на сметката бил 129 евра, а задоволниот гостин оставил бакшиш во износ од 1.000 евра, но ја напишал и следната порака.

„Убави брадавици, принцезо. Јави ми се“, напишал на сметката на која го оставил и својот телефонски број, кој таа, сепак, реши да го сокрие заради приватност.

Многу корисници на Редит ѝ напишаа дека гестот е невкусен, дека треба да го врати бакшишот под итно и дека неговиот потег е вознемирувачки.

Сепак, има и такви кои велат дека 1.000 евра нема да им пречат.

„Би ги земала парите, но никогаш не би контактирала со него“, напиша една жена.

Што би направиле вие?

Фото: Илустрација

поврзани објави

Последни објави