Двајца селани на с. Батници, од кои едниот малолетник се обиделе да ограбат казино во раните утрински часови на 3-ти март, соопшти СВР Скопје.
Кривична пријава е поднесена против шеснаесетгодишник, како и против негов постар пријател А.Т (20), двајцата по потекло од скопското село.
Во 03:45 часот тие влегле во казино на улицата „Иван Хаџи-Николов“ во Скопје и заканувајќи се со ладно оружје, од вработените побарале да им го дадат прометот.
Вработените не се покориле, напротив им се спротиставиле на младите разбојници по што била повикана полиција која го решила проблемот.