9.8 C
Skopje
Friday, May 9, 2025

Иселувањето нема да престане, но дали ќе го намалиме?

Ние остануваме територија односно земја без население, ако продолжи иселувањето со досегашната пракса. Луѓето си одат бидејќи им требаат промени. ВМРО-ДПМНЕ доби огромна доверба од народот на Македонија. Ветувањата дека ќе има одговорност, дека ќе има промени носат и големи очекувања од граѓаните на Македонија.

ДУИ кои беа дваесетина години во власта заминаа во опозиција. СДСМ беше брутално прегазен на изборите токму поради премногу ветувања, а малку остварувања во делот на справување во борбата со криминалот и корупцијата. Левица го крена своето гласачко тело, а со тоа доби и поголем број претставници во Собранието на Македонија. Фактот дека на СДСМ ќе му треба време да се врати во некаква „нормала“, ќе им остави простор и шанса плус за Апасиев и неговите другари да се наметнат како главен критичар на власта.

Целата приказна и наратив со кој ДУИ располагаше во една помека но директна форма се пресликува во Влен односно во „Вреди“. Со ова се остава простор да се критикува ВМРО-ДПМНЕ како политички претставник на мнозинството во власта, кои во минатото најмногу ги критикуваа ДУИ токму поради тоа што беа оставени да прават што сакаат со државните институции.

„Вреди“ би требало да покаже дека се против криминалот и корупцијата на ДУИ и како претставник на власта од албанскиот електорат треба да ги детектираат, да ги посочат, но и да ги процесуираат сите тие наводни криминали за кои што се критикуваше во изминатиот период.

Со еден ваков начин на практицирање на власта, ВМРО-ДПМНЕ како носител на очекуваните промени, ќе треба сериозно да се зафати со работа, најмногу во делот на економијата, здравството, образованието, туризмот, борбата против криминалот и корупцијата!

Навивачките пароли на партиите во иднина веќе нема да проаѓаат лесно кај народот, бидејќи истиот навистина има големи очекувања. Луѓето сакаат да ги едуцираат своите деца во подобри училишта, наставниците и професорите ќе сакаат да бидат со поголем кредибилитет, авторитет и да бидат почитувани од државата, полицијата и армијата ќе треба да се модернизираат, граѓаните ќе мора да видат дека градовите од депонии стануваат чисти градови преку мерки на казнивост со кои оние кои загадуваат и се несовесни спрема природата, ќе поднесат одговорност. Време е и за поголем број на инфрастурктурни проекти, инвестиции, отварање на нови работни места, но и поврзување со нашите соседи, со цел подобра економска соработка и развој на државата. Ова и уште многу други задачи ги очекува новата Влада!

Иселувањето и во една таква позитивна атмосфера не би се намалило веднаш бидејќи реалноста е дека не секој заминува од државата само поарди подобри плати, туку и поради подобар здравствен, образовен и општествен систем!

Перидот за анализи, критики или пофалби е краток. Останува во следниот период да видиме како новата Влада ќе се справи со сите овие предизвици, дали ќе се обиде да го намали иселувањето на цели македонски семејства и на кој начин…

поврзани објави

     

Последни објави