20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Мицкоски: Не сакам да се занимавам со апсење, но одговорност мора да има за грешките од минатото да не се повторуваат!

Апелирав и ќе продолжам да апелирам да се избегнуваат етнички теми. Можеби на дневна политика може да напаѓаме некого на етнички теми, но тоа не е начинот на кој треба да се делува. Има политичии партии кои мислат дека на тој начин ќе привлечат луѓе и ќе се профилираат политички. Тоа е нивно право. Но тоа е опасна стратегија, ние никогаш не сме играле на ниски страсти. Далеку од тоа е дека момците кои беа таму се грижат за рестарвација на Црковниот храм. За жал ете тие одбрале таква стратегија, слободно нека тераат, а ние сме тие кои треба да го заштитиме суверинетот на државата и граѓаните да се чувствуваат безбедни, вели премиерот Христијан Мицкоски во вечерашниот поткаст на „Prvatv„

Најмалку што сакам е да се занимавам со апсење, ниту јас ниту пак МВР. Не е тоа начинот на кој што треба да функционира државата. Ние излеговме со програма за подобар живот, а не со програма за апсење. Сепак, одговорност мора да има, бидејќи ако нема, грешките од минатото ќе ни се повторуваат. На социјалните медиуми излегоа фотографии од луѓето со политичари од минатото. Имајќи предвид дека градоначалникот на таа општина Врапчиште е од структури поранешни на АА, сега лојална на Зијадин Села, имајќи предвид дека началникот на ОВР Гостивар е од структурите на ДУИ, тогаш е јасна која е намерата што требало таму да се случи. Впрочем, и Владиката Полошки го кажа својот став, го осуди својот став, се огради од овој тип на инциденти, жителите исто така тоа го направија, па јасна е ситуацијата за тоа која била намерата, образложува првиот човек на македонската Влада.

Во поткастот Мицкоски вели дека нема предлог од опозицијата или издржана критика, а за тоа се трудат и да внесат вештачки конфликт.

Тоа што тие го правеа, посебно последните години, беше плукање в лице на системот, без разлика на етничката припадност. Кога крадете и кога злоупотребувате, не крадете само од македонците, туку и од сите други граѓани. ДУИ токму тоа го правеше. Можеби на некои следни избори ќе понуди нешто ново, тогаш може да дискутираме за многу теми. Ние не ги менуваме ставовите преку ноќ, ниту пак ова е инстант политика. Ние апсолутно имаме перфектна соработка со „Вреди“ и „Знам“, перфектна соработка на коалицијата „Твоја Македонија“, широка коалиција која е близу 2/3 мнозинство, нешто што малку луѓе замислуваа дека може да се случи, рече Мицкоски.

Тој во поткастот одговараше и на прашања од самите граѓани.

Во продолжение погледнете го видеото од поткастот:

поврзани објави

Последни објави