18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

Мицкоски наброи: Еве што се направивме во овие 80 дена!

Во буџетот недостасуваа околу 5 милијарди денари, не беа предвидени нешто повеќе од 80 милиони евра, им ги вративме платите кои не беа исплатени на вработени во национални шуми, за земјоделците предвидовме една милијарда денари средства кои претходно не биле предвидени во буџетот стари долгови, предвидовме една милијарда денари за исплата на К-15 за вработените во јавната администрација, предвидовме шест милијарди денари за капитални инвестиции во општините, денеска 66 општини пријавија 212 проекти. И тие не се само ВМРО, очекуваме утре да стигнат и други кои ќе пријават. Предвидовме средства за зголемување на пензиите, од средниот март уште 2.500 денари, а тоа е дека во првата година ќе го испорачаме нашето изборно ветување за пензиите. Донесовме огромна странска инвестиција од половина милијарда долари во делот на енергетиката која ќе треба да креира повеќе од 600 работни места. Заокруживме три други странски инвестици. Тоа се нови три инвестиции кои ќе имаат повеќе од 1000 вравботувања, кои ќе донесат над 220 милиони евра извоз. Работиме уште на три такви инвестиции. Ги укинавме двојните директори во здравството. Свесен сум дека граѓаните очекуваат дека ние ќе се однесуваме онолку агресивно како што претходните корумпирани политичари се однесуваа кон граѓаните и државата. Тоа не е дел од мојот карактер, ниту тоа ќе го правам. Таков тип на однесување нема да навлегува, но одговорност ќе има, молам за трпение.

Се радувам на секој нов проект, се радувам како мало дете бидејќи знам дека тоа ќе го направи животот некому подобар. Не сум влегол голтар во политика, влегувам со спечален капитал и мојата цел не е да излезам од политиката како милионер.

поврзани објави

Последни објави