Инспектори влегле во „Вила Парк“, која се поврзуваше со Заеви, но е сопственост на Ристо Карамазов, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, се прави претрес и се конфискува документација и компјутери, поради финансиски малверзации.
Инсепкторите се во објектот подолго време, а неофицијално се испитува даночно затајување, но и други индиции за сторен криминал.
Повеќе детали најавуваме за подоцна.