Се што сме кажале, се ќе си се случи, само трпение, кажа смирено премиерот Мицкоски во поткастот на „Прватв“.
Тој истакна дека има потерница по Груевски и на прашањето дали имаат план да го вратат Никола Груевски, тој одговори: Каков план да имаме, други имаа план да го вратат Груевски. Се води истрага, почната е истрага за тоа како тој заминал. Не го пушти него Обвинителството.
На прашањето дали ќе вроди со плод таа истрага, Мицкоски вели: Успех е да се доведе истрагата до крај и да се каже заклучокот од истата. Битно е да се даде одговор, а тоа е успех за мене бидејќи досега немаме одговор за тоа.