Зимската служба на град Скоје интензивно работи на расчистување на теренот, откако главниот град го зафатија силни врнежи од снег, што резултираше со отежнат сообраќај.
Во моментот од град Скопје пренесуваат дека сите градски улици и булевари се расчистени од снегот. Поради најавените поларни температури во текот на следните неколку денови, од град Скопје апелираат до граѓаните, сопствениците на објекти и куќните совети, да ја почитуваат законската обврска и да го исчистат снегот од пред нивните објекти.
Исто така напоменаа дека булеварите и одредени градски улици се во надложност на град Скопје, но останатите улици се во надлежност на општините кои се задолжени за нивно чистење. На возачите им препорачуваат да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот и да ја зголемат својата внимателност.
Од РСБСП уште еднаш потсетија задолжително да се почитуваат законите за користење и носење на зимска опрема во возилата, во спротивно при сообраќајна контрола, ќе бидат издавани казни со глоба во износ од 45 евра.